Утрински Весник
Македонија

Дерала: Вештачката интелигенција може да биде последниот изум на човекот

Derala2 750x375 1.webp.webp

Сметам дека секој од нас мора во некој момент да размисли кон што каде и на кој начин оди цивилизацијата а тоа секако во денешно време е вештачката интелигенција, порача Џабир Дерала во интервју за Слободен печат, осврнувајќи се на неговата последна книга напишана со Валентин Нешовски „Човекот, роботот и дигиталниот бог“

Дерала смета дека вештачката интелигенција може да биде и последниот изум на човештвото.

„Иако звучи малку помпезно, сметам дека вештачката интелигенција е најголемиот изум на човекот, а некои велат и дека е последниот изум на човекот. И јас сум на тој став дека последниот изум на човекот е токму вештачката интелигенција и дека оттука па натаму, ако човекот има научни достигнувања и изуми, тие секако дека ќе бидат неизоставно поврзани со ВИ до момент кога ВИ толку ќе го престигне својот творец, што човекот нема да има ниту шанси да се натпреварува со ВИ. Вештачката интелигенција е бебе кое не проодело и веќе го промени светот, може да замислиме колку ќе го промени за шест месеци, за година дена а да не зборуваме за 10, 20 или 100 години“ посочи тој.

Можете да прочитате

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции