Утрински Весник
Свет

„Дер Шпигел“: Некои земји-членки на НАТО би можеле да испратат војници во Украина

Ukraina.webp.webp

Балтичките земји би можеле да испратат свои трупи во Украина доколку ситуацијата на бојното поле значително се влоши, објави германскиот весник „Дер Шпигел“ (Der Spiegel).

Според весникот, германскиот канцелар Олаф Шолц сака да ја убеди германската и европската јавност дека не сака понатамошна ескалација на конфликтот во Украина, па затоа е многу внимателен кога станува збор за испраќање оружје, особено за она што Украинците би можеле да го употребат за напади на руска територија.

Шолц исто така ја блокира испораката на крстосувачките ракети Таурус и одбива заштита на украинскиот воздушен простор од територијата на НАТО или обука на украинските војници од страна на Алијансата во Украина.

Но, додека Шолц предупредува на ескалација на војната и ја фали германската и американската воздржаност, источноевропските земји-членки на НАТО стравуваат дека токму оваа политика може да предизвика дополнителна ескалација.

„Дер Шпигел“ потсетува дека минатата недела, на маргините на Конференцијата за надворешна и безбедносна политика на Ленарт Мери во Талин, претставниците на балтичките држави ги предупредија владините претставници од Берлин за последиците од германската политика. Нивниот аргумент е: ако Русите постигнат стратешки пробив во источна Украина бидејќи Западот само со половина срце му помага на Киев, ситуацијата може драматично да се влоши.

Германскиот весник наведува дека претставниците на балтичките земји и на Полска не би чекале руските војници да бидат распоредени на нивната граница, туку би испратиле војници во Украина. А со тоа НАТО ќе заземе страна во војната.

Германија е на второ место, зад САД по испратената помош за Украина.

Можете да прочитате

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

САД уништија седум радари на територијата контролирана од Хутите

Посебен сообраќаен режим во една општина во Скопје денес од 12 до 16 часот