Утрински Весник
Магазин

Дензел Вашингтон жали што ја одбил улогата во филмот „Седум“

Дензел Вашингтон жали што ја одбил улогата во филмот „Седум“

Актерот Дензел Вашингтон е познат по улогите во хит филмови како „Малколм Икс“, „Филаделфија“, „Праведникот“, „Ден за обука“, но има една улога за која жали што ја одбил.

dobivaj vesti na viber

Вашингтон откри дека жали што ја одбил главната улога во филмот „Седум“, која му беше доделена на Бред Пит.

„Ми понудија улога во „Седум“. Ја одбив. Бред Пит заврши како главен актер во тој филм. Навистина погрешив со тоа. Има доволно улоги за мене и се чини дека тие се појавуваат доволно редовно. Откако го освоив Оскарот, добивам повеќе понуди иако меѓу нив има многу ѓубре. Секогаш е тешко да се најде добар материјал“, додаде тој.

Оскаровецот моментално го снима третиот дел од филмот „Праведниците“, кој треба да излезе во септември следната година.

Можете да прочитате

Нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот

Каде и како мозокот ги складира странските јазици

Што ќе јаде екипажот на „Артемис II“ на бродот?