Утрински Весник
Спорт

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

20251108103155 big 730x400 60.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кошаркарите на Денвер стигнаа до нова победа 129:104, а предводник беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ. Тој натпреварот го заврши со 26 поени (шут од игра 12/15), а беше на чекор до двоцифрени бројки и во скокови и асистенции имаше по 9.

Гостинската екипа настапи без Стеф Кари, но тоа не ја намалува победата на Денвер особено што по три четвртини беше 99:77, а Јокиќ не одигра ниту една минута во последниот период.

Покрај Јокиќ солиден настап имаше и Џамал Мареј со 23 поени, додека кај поразената екипа Дејмонд Грин постигна 17 поени.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028