Денвер Нагетс доѓивеаја катастрофален пораз во Минеаполис, без Никола Јокиќ во тимот. Минесота ги победи Нагетс со 128:98.
Стручниот штаб на Денвер одлучи Јокиќ и уште тројца стартери (Џамал Мареј, Арон Гордон и Кентавиус Колдвел-Поуп) да не патуваат во Минеаполис на натпреварот кој го одиграа 22 часа по победата над Атланта Хокс.
Домашните веќе во втората четвртина стекнаа 20 поени предност и рутински стигнаа до седмата победа во последните десет натпревари.
Волците ги предводеа Ентони Едвардс со 20 и Дианџело Расел со 18 поени и 10 асистенции. Руди Гобер за 18 минути на паркетот имаше 16 поени и 8 скока, Новел постигна 16 поени, а Џош Мекданиелс 14 поени.
Кај Нагетс се истакнаа Мајкл Портер со 22 и Кристијан Браун со 19 поени.
Резултати:
Шарлот – Орландо 113:119
Индијана – Кливленд 103:122
Мемфис – Торонто 103:106
Њујорк – Филаделфија 108:97
Минесота – Денвер 128:98
Њу Орлеанс – Сакраменто 136:104