Утрински Весник
Скопје

Денеска затворен за сообраќај потегот од Стара рампа до Црвен крст

Gradeznici.webp.webp

Денеска од раните утрински часови, поради градежни активности, целосно е затворен за сообраќај дел од булеварот „Македонија“, информираат од Град Скопје.

Станува збор за потегот од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвениот Крст, каде ќе се изведуваат работи за поставување на завршниот слој на коловозот, во рамки на првата фаза од проектот.


Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и трпение, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да користат алтернативни правци за движење.

Според надлежните, со реализацијата на оваа фаза се очекува значително подобрување на проточноста на сообраќајот, намалување на метежот и побезбедно движење по нов, современ коловоз.

Воедно, со целосната реализација на проектот, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница, што, како што посочуваат од Градот, претставува важен чекор кон модернизација на сообраќајната инфраструктура.

Можете да прочитате

Над 3.400 учеснички ја истрчаа „Авицена Женска трка“

Николоски: До јуни ќе биде завршена линијата градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Железничка станица

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради две спортски трки