Утрински Весник
Македонија

Денеска времето ќе биде променливо облачно и врнежливо

Dozd 3.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег.

Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла

Можете да прочитате

За големиот Христијански празник, Богојавление – Водици – Многу студено наутро, преку ден сонце, а по котлините магла!

Трпчевски со Македонисимо во Романија ја стартува концертната 2025

Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег