Утрински Весник
Македонија

Денеска топло време и високи температури но и услови за локално невреме

Vreme.webp.webp

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни