Утрински Весник
Свет

Денеска се навршуваат две години од почетокот на руската инвазија на Украина

Ukraina 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светот денеска ќе ја одбележи втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина со собири, состаноци и изложби за поддршка на Украина.

Во Италија, која оваа година претседава со Групата седум индустриски развиени земји (Г7), ќе се одржи виртуелен самит со претседателот на Украина Володимир Зеленски во знак на поддршка за неговата земја. Собири ќе се одржуваат во повеќе градови како Берлин и Варшава, а некаде ќе има и пред руските амбасади.

Во пресрет на годишнината беа воведени нови пакети санкции против Русија. Советот на Европската унија во петокот го воведе 13-тиот пакет рестриктивни мерки против Русија. Нови санкции „против режимот на Владимир Путин и одговорните за продолжување на неговата незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна и оние кои ја поддржуваат“ беа воведени за 106 поединци и 88 ентитети одговорни за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

ЕУ повика на континуирана поддршка за Украина, поради што Зеленски патува низ светот барајќи поддршка, особено воена.

Како одговор на европските санкции, Москва го прошири списокот на политичари од ЕУ на кои им забранува влез во Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден најави и санкции против дополнителни 500 правни и други субјекти во Русија и на други места поради војната во Украина и смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор.

Втората годишнина доаѓа по неодамнешната смрт на противникот на Кремљ, Алексеј Навални. Неговата смрт предизвика бран митинзи за да му се оддаде почит. 

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми