Утрински Весник
Македонија

Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд

Oblacno Ezero.webp.webp

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.


Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.

Можете да прочитате

Граѓаните се вклучија во крводарителска акција за Тоше Проески

СДСМ: Еве одговор со кого Мицкоски се сретнал во Давос 

Утре напладне 370 камиони ќе ги блокираат сите гранични премини