Утрински Весник
Свет

Денеска пресуда против медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија

Денеска пресуда против медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија

На медицинската сестра Луси Летби, која минатата недела беше прогласена за виновна за убиство на седум бебиња во болница во Британија, денеска ќе и биде изречена пресудата. Британските медиуми пишуваат дека е можно таа да биде осудена на доживотен затвор, но сигурно е дека ќе биде осудена на повеќегодишна затворска казна.

dobivaj vesti na viber

Оваа судска пресуда ја прави Летби најголемиот убиец на бебиња во модерната британска историја.

33-годишната Луси Летби беше осудена за убиство на пет момчиња и две девојчиња и обид за убиство на уште шест новороденчиња во болница додека работела во ноќни смени во 2015 и 2016 година.

Некои бебиња ги отрула со инјектирање на инсулин, а на други им вбризгувала воздух или насилно ги хранела со млеко. „Ги убив намерно затоа што не сум доволно добра да се грижам за нив“, пишувало во рачно напишаната белешка што ја пронашле полицајците кога го пребарале нејзиниот дом.

„Јас сум ужасно злобна личност. Злобна сум, јас го направив ова“, напишала таа.

„На Луси Летби и беше доверено да ги заштити некои од најранливите бебиња. Тие што работеа со неа не знаеја дека меѓу нив има убиец“, рече Паскале Џонс, висока обвинителка. „Таа даде се од себе за да ги прикрие своите злосторства, менувајќи го начинот на кој ги повредуваше бебињата за кои се грижела“, додаде Џонс.

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија