
Полицијата денеска повторно спроведува претреси на неколку локации поврзани со петте тони марихуана која беше запленета минатата недела во соседна Србија.
Според информациите, се постапува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја води истагата.
Српските власти тврдат дека таа влегла од Македонија, а исто така претреси имаше и во текот на вчерашниот ден.
Претходно од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека е оформен предмет и дека веќе се разменуваат информации со српските обвинителски органи.


