Утрински Весник
Македонија

Денеска 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани

80829 kocani f.webp.webp

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ за денеска најавува нов, 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани кој ќе започне во 16:05 часот.

Родителите и граѓаните ќе маршираат од „Паркот на Револуцијата“ преку Трговскиот центар и зградата на Управата за јавни приходи до Полициската станица. Оттаму маршот ќе продолжи кон Основниот суд и Обвинителство во Кочани.


-Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме. Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на вера, етникум или политичка припадност, да ни се придружат и заедно да покажеме дека правдата за нашите ангели е над сè, се наведува во соопштението на Здружението „16 -ти Март 2025 г. Кочани“.

Маршот вообичаено завршува од местото на поаѓање во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани.

Можете да прочитате

Томовски најави тужба за клевета против СДСМ

Отворен граничниот премин ,,Дојран” – 24info.mk

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови