Утрински Весник
Македонија

Денес во Македонија краткотрајно повеќе облачност и локален дожд!

Meteoalarm.mk 4.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (среда) во Македонија ќе имаме повеќе облачност, а особено во претпладневните часови, како и околу пладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Особено во западните предели ќе засилува ветерот од југозападен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, променливо облачно со услови за локален дожд во делови од регионот.

Што се однесува до температурите, тие денес (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 26 степени, додека во Скопје максималната температура денес (среда) ќе се искачи до околу 24 степени.

Сето ова ќе биде како резултат на веќе споменатиот циклонски систем со центар над Џенова, но кај нас ќе биде со послаб интензитет, за разлика од регионот, и брзо ќе помине.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет само за да дојде до власт

Конференција на РЕФОРМ5: Младите не одат на психотерапевт поради високите цени, за менталното здравје се консултираат со Chat GPT

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Циклон од Турција ни носи силно невреме