Утрински Весник
Македонија

Денес (сабота 15 март) најтопло, температури до околу 30 степени!

Meteoalarm.mk 38.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (сабота 15 март) го очекувам максимумот на овој топол бран кој продира од југ во нашата Република Македонија, и истиот ќе донесе многу високи температури на воздухот, невообичаени за овој период од годината, проследени со повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).


Температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на многу места тие ќе се искачат до околу, па  и над 25 степени, а во Повардарието, секако вклучувајќи го и Скопскиот регион тие ќе се искачат дури до околу 30 степени. И во Скопскиот регион повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Инаку, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне во западните планински предели ќе има услови за појава на локален краткотраен но пороен дожд, проследен со ретки грмежи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија

Утре ќе се одржат директни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ

Извлечени две лица од Мавровско Езеро