Утрински Весник
Македонија

Денес и утре (понеделеник) условите за појава на невреме во Македонија се многу помали

T2m 025 Crop 3.png

Денес, како и утре (понеделник) во Македонија очекуваме постабилна атмосфера, што значи дека условите за појава на нестабилност и за невреме се многу помали, иако е можна  ретка појава на попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Денес (недела) ќе дува умерен, а особено во западните предели повремено засилен ветер од западен правец, додека кон крајот на денешниот ден во горниот дел од Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец. Утре (понеделник) ветерот ќе биде слаб до умерен на интензитет насекаде низ државава  и претежно од северен правец.

Што се однесува до температурите, иако за некој степен пониски за разлика од изминатите денови, сепак тие сеуште ќе бидат многу високи и денес ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека утре (понеделник) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 37  и 39 степени.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?