Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
Од 08:00 до 16:00 часот утре, корисниците од дел од ул. Ѓорче Петров, поточно објектите во околината на поранешната зграда на Општина Ѓорче Петров. (Општина Ѓорче Петров)
Од 08:30 до 11:00 часот во четврток, корисниците од улиците: Партениј Зографски, Рилски конгрес, Востаничка и Славејко Арсов. (Општина Кисела Вода)
Од 09:00 до 11:00 часот во четврток, корисниците од дел од ул. Костурски Херои (од бр. 49 до бр. 57. (Општина Центар)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, на ден 09.08.2023 година (среда), :
Поради отстранување дефект на водоводна приклучна цевка на ул. Даскал Камче бр. 3, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Даскал Камче, Гиго Михајловски, Иван Аговски и дел од Руѓер Бошковиќ. (Општина Карпош)
Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-150мм, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од кулите – Расадник. (Општина Кисела Вода).