Утрински Весник
Скопје

Денес и утре бесплатен паркинг низ повеќе локации во Скопје

Parking.jpg

За време на државниот празник „Свети Климент Охридски“, денеска и утре, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, односно во зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

– Редовна наплата ќе се врши во зона А0 – Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза, соопштуваат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

По повод празникот „Св. Климент Охридски“, утре и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.

-Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи во вторник (10 декември) со вообичаено работно време. Од ова исклучок е паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата, соопштуваат од ПОЦ.

Можете да прочитате

Поради дефект утре дел од„Ленинова“ ќе биде без вода

(Фото) Скопје денеска повторно на врвот во Европа по загаденост

Субвенции за поправка на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи во општина Карпош