Утрински Весник
Македонија

Демократско движење: Антикризните мерки на владата се театар, сиромаштијата само расте

Демократско движење: Антикризните мерки на владата се театар, сиромаштијата само расте
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Додека секојдневно се зголемуваат цените, особено цената на горивата, која е еден од доминантните фактори за формирање на цените на производите и услугите, Владата ја започнува кампањата за контролирани цени на основните прехранбени производи.

dobivaj vesti na viber

Дека ова е само уште една измама на власта објавена од министерот Крешник Бектеши, зборуваат економските анализи, бидејќи во основа „чекорите“ за кои предупредува владата немаат економска логика, реагираат од Демократското движење.

Ова, како што велат, може да се аргументира вака:

„Ниту една економска мерка не може да ги контролира цените на производите и да ја намали инфлацијата во период од 45 дена, значи неопходно е мерките да бидат од 6 месеци до 1 година,

Што ќе се случи кога во екот на зимата ќе престанат мерките и граѓанинот ќе се соочи со неконтролирано поскапување на прехранбените производи, струјата, дрвата, пелетите.

Дали власта со вештачки мерки се обидува да ги смири граѓаните за да не излезат на протести, по предупредувањата од повеќе сектори?

Целата оваа ситуација докажува дека ниту министерот за финансии Бесими, ниту министерот за економија Бектеши немаат капацитет да ја менаџираат состојбата со инфлацијата. Бидејќи замрзнувањето на цените се случува само во случаи на вонредни кризи, како што беше случајот со пандемијата или енергетската криза“, истакнуваат од партијата во нивниот допис.

Констатираат дека додека владата експериментира со континуирани мерки, куповната моќ на граѓаните е намалена за 46 отсто во однос на претходната година, а со тоа, од ден на ден, како што оценуваат, граѓаните ќе продолжат да осиромашуваат.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си ги распишaт изборите сами

СКРМ: Љутков се постави над законите и судовите – платите во културата повторно мета на манипулации

Филипче: Мицкоски е во тесно, бара алиби за распишување предвремени избори