Утрински Весник
Македонија

Демири: СДСМ се противи на национализмот и поделбите кои ги шири ДУИ

Pres Agron Demiri.jpg

Интегрален текст од прес-конференција, Агрон Демири, член на Извршен одбор на СДСМ

ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните. 


Таквите изјави и дејствија се целосно неприфатливи и несоодветни за нашето мултиетничко и демократско општество.

ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи. 

СДСМ е единствената политичка сила која вистински се залага за соживот и почитување на правата на сите етнички заедници. 

Кога ДУИ ја обвинува СДСМ за албанофобија заборава намерно дека во Извршниот одбор на СДСМ има членови Албанци, исто така имаме Албанци и во пратеничката група на СДСМ а значителен број Албанци гласаат за нашата партија. Затоа што препознаваат искреност и посветеност кон доброто на сите граѓаните но и кон добрите меѓуетнички односи.

Со своите неодговорни политики,  ДУИ му овозможува на ВМРО-ДПМНЕ дополнително да ја дестабилизира ситуацијата и да профитира политички. 

Нивната соработка е повеќе од очигледна – заеднички гласаат во Собранието, ДУИ им обезбедува Бадентерово мнозинство, па се до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата, се јасен доказ за тоа.

СДСМ со концептот “Едно општество за сите” постави цврста основа за градење на обединето и толерантно општество. Оваа визија е широко прифатена од граѓаните, кои ја препознаваат важноста на единството и еднаквоста за стабилноста и иднината на нашата земја. Овој концепт останува јасен пример за нашата посветеност за меѓуетничка хармонија. 

СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот и популизмот, без разлика од каде доаѓа. 

Нашата партија ќе продолжи да се залага за соживот, единство и напредок на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Трипуновски: Министерството заедно со земјоделските здруженија ги креира Програмите за 2025 година

СДСМ: Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕ

Провејува снег на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража, Делчево и Страцин, магла во Крушево, на Стража и на Плетвар