Утрински Весник
Свет

Деловите пронајдени на дното припаѓаат на исчезнатиот „Титан“: експерт открива нови детли од потрагата

Единственото место за седење во подморницата е тоалетот, кој е одделен со завеса: Внатрешноста не е дизајнирана за подолг престој

Роботичката подморница на далечина (ROV) ги пронајде опремата за слетување и капакот на исчезнатата подморница „Титан“ на дното на Атлантскиот Океан.

dobivaj vesti na viber

Ова го тврди експерт вклучен во потрагата и додава дека остатоците укажуваат дека подморницата претрпела „катастрофална имплозија“ која ги однела животите на сите пет патници.

Експертот за спасување и пријател на двајцата мажи заробени во подморницата, Дејвид Мернс, изјави за „Sky News“ дека добил порака од некој директно поврзан со пловните објекти вклучени во потрагата, потврдувајќи дека делови од подморницата се пронајдени.

„Тоа е многу неконвенционална подморница. Задниот поклопец е тој шилест крај на него, а опремата за слетување е таа мала рамка на која се потпира. Така што тоа потврдува дека се работи за подморницата“, вели Мернс.

Тој наведува дека патниците најверојатно не ни сфатиле што се случува.

„Полето со расфрлани остатоци подразбира дека подморницата се распаднала. Знаеме дека ја изгубиле комуникацијата на околу 3.300 метри длабочина. Така што, тоа навистина укажува на најлошото сценарио, а тоа е катастрофален неуспех или имплозија. Единствената спасоносна благодат е што смртта настапила во милисекунди, а патниците не знаеле што се случува“, додаде Мернс кој го познавал британскиот милијардер Хамиш Хардинг и францускиот пилот на подморница Пол-Анри Наргеол кои биле на патувањето.

Американската крајбрежна стража денеска на твитер објави дека во четвртокот е пронајдено поле со остатоци во близина на потонатиот брод „Титаник“ и додаде дека експертите допрва треба да ги анализираат парчињата за да утврдат дали припаѓаат на исчезнатата подморница.

Малата туристичка подморница го испратила последниот сигнал до матичниот брод во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.

Во него се вклучени британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на „Oceangate Expedition“, компанијата што ја организираше оваа турнеја.

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“