Утрински Весник
Магазин

Дело на Ван Гог продадено за над 4,5 милиони евра

20240311085328 big 730x400 21.webp.webp

Сликата со наслов „Портрет на селанка со бела шапка“ на холандскиот уметник Винсент ван Гог е продадена на Годишниот саем за уметност и антиквитети ТЕФАФ во Мастрихт, Холандија, за повеќе од 4,5 милиони евра.

Платното со димензии 63 x 48 цм е насликано околу 1884 година, додека уметникот престојувал во куќата на неговото семејство во селото Нуенен. Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог.  Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Сликата беше ставена на продажба од американската галерија „МС Рау“ од Њу Орлеанс.

Новиот сопственик платил 4,57 милиони евра. Тој всушност, поседува приватен музеј надвор од Европа, објави холандскиот ТВ-канал „НОС“.  

Можете да прочитате

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

Седум работи што децата ги забележуваат, а возрасните не се ни свесни за нив

Рано препознавање на деменцијата: Специфични симптоми кај помладите лица и препораки од експертите