Утрински Весник
Свет

Делегација на Хамас пристигна во Каиро на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа

Gaza Pregovori.jpg

Делегација на Хамас пристигна во Каиро каде денеска ќе се одржат преговори за прекин на огнот во Појасот Газа.

Официјалниот претставник рече дека делегацијата ја предводел заменик-шефот на Хамас во Газа, Калил Ал-Хаја.

Во Каиро денеска се очекува нов состанок на претставниците на САД, Катар и Египет, кои посредуваат во преговорите на Израел со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа, соопштија добро упатени извори кои додаваат дека Израел нема да испрати делегација на разговорите додека не добие целосен список на живи заложници.

Очекувањата дека наскоро ќе биде постигнат договор за првата пауза во конфликтот во Појасот Газа од ноември се зголемија минатата недела по претходната рунда разговори, со посредство на Катар и Египет во Доха, и по индикациите на американскиот претседател Џо Бајден дека е постигнат договор.

Висок американски функционер во саботата рече дека има пробен договор за пауза во борбите и дека Израел во голема мера ги прифатил сите услови од шестнеделната пауза.

Американскиот функционер истакна дека Хамас треба да се согласи да ги ослободи заложниците што ги држи во Појасот Газа од нападот на 7 октомври врз јужен Израел.

Бајден рече дека се надева оти примирјето ќе биде воспоставено до почетокот на муслиманскиот пост Рамазан, кој започнува на 10 март.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30