Утрински Весник
Македонија

Дел од Тетово утре без струја

Struja1.jpg

Делови од тетовскиот регион утре (15 април 2026) ќе останат без електрична енергија поради најавени плански прекини.

Според информациите, прекин на струјата ќе има во селото Глоѓи во период од 09:00 до 14:00 часот, при што ќе бидат зафатени делови од селото кон џамијата, како и објекти во нејзина близина.


Во истиот временски интервал, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе остане и селото Пршовце, односно делот од селото кон ресторан „Панорама“.

Дополнително, од 09:30 до 14:30 часот, прекин ќе има и во селото Шемшево, каде што без струја ќе биде дел од населеното место.

Од надлежните служби информираат дека станува збор за планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија. Се апелира до граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција