Утрински Весник
Македонија

Дефинирани се законските измени за купување на лекот „Трикафта”

Дефинирани се законските измени за купување на лекот „Трикафта”

Членовите на работната група составена од стручни советници на премиерот, претставници на ФЗОРСМ, Министерството за здравство, од фармацевтската индустрија како и од Асоцијацијата за цистична фиброза, денеска ги дефинираа Предлог – законските одредби за набавка на сите лекови од овој тип, вклучително и лекот „Трикафта”, информираа од Владата.

dobivaj vesti na viber

„Откако експертите на денешниот состанокот ги образложија своите ставови во однос на Предлог – измените, брзо ги усогласија предлог одредбите за законот за лекови и медицински средства и за законот за здравствено осигурување, со што се прецизира видот на постапката која треба да се спроведува, врз основа на склучени посебни договори за набавка на лекот, а со кои ќе се обезбедат поповолни цени“ стои во владиното соопштение.

Оттаму посочуваат дека „со ова државата ќе може преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија за пациентите кои боледуваат од цистична фиброза“.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?