Утрински Весник
Македонија

Дефект на еден од радарите на М-НАВ, се работи на отстранување на проблемот

Mnav 960x533 1.jpg

М-НАВ информираат за МИА дека се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром Скопје и дека во моментов тоа нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на авио – сообраќајот.

-Стапено е директно во контакт со производителот и дозволен е онлајн пристап до уредот за да се направи дијагностика од производителот и да дадат предлози и поддршка за решавање на проблемот. М-НАВ воедно, вонредно ги ангажира своите стручни лица со цел што побрзо враќање на радарската глава Алениа – Бањски Рид во употреба – вели директорот на М-НАВ и претседател на Управниот одбор Владимир Ристески.


Тој појаснува дека М-НАВ располага со три радарски глави. Една покрај Охридскиот аеродром и две на Скопскиот аеродром. Едната на Скопскиот аеродром е во моментов со технички дефект којшто е детектиран и се работи на негово отстранување.

-Ваквите технички дефекти од електронска природа се нормални појави во авијација и кога се случуваат има предвидено соодветни безбедносни процедури во работата со цел да се продолжи со давање на услуги кон авио-компаниите во такви околности. М-НАВ ги применува токму тие процедури и во моментов нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај на Скопскиот аеродром. Единствена промена е регулацијата на бројот на авиони кои можат да се опслужат на еден час. Овие регулации ќе останат во сила се до отстранување на дефектот на радарската глава – вели Ристески.

Претходно, дел од медиумите јавија дека еден од радарите на Скопскиот аеродром не е во функција.

Можете да прочитате

Синдикатот предупредува со години, М-НАВ уверува – колку е навистина безбедно македонското небо?!

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот