Утрински Весник
Скопје

Дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Xkapishtec voda.jpg.pagespeed.ic .mmmbevflnc.webp.webp

Повеќе од шест часа жителите на делови од Капиштец немаат вода за пиење. Кај Цветен пазар може да се забележи дека е ископана голема дупка, а во близина како тече вода по улицата.

Станува збор за уличен дефект. Нема информации се уште кога состојбата ќе биде целосно нормализирана.

„Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Народен Фронт 5 до цветен пазар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Васил Ѓоргов и Народен Фронт од бр.5 до бр.21“, велат од ЈП Водовод и канализација.

Од претпријатието попладнево известија дека водата кај корисниците е сопрена во 13.30 часот и ќе остане така се’ до поправка на дефектот. Жители на Капиштец за „Макфакс“ велат дека кога прашале кога ќе биде пуштена водата, од службата за известување во „Водовод“ им кажале дека нема изгледи оти ќе го поправат дефектот денес.

Можете да прочитате

Драчево доби свое кино – 24info.mk

Постигнат е договор – булеварот „Борис Трајковски“ се довршува

Посебен сообраќаен режим денеска во центарот на Скопје поради протест