Утрински Весник
Македонија

Децата со три дози ДиТеПер вакцина ќе може да посетуваат градинка, но ќе треба да ја примат и четвртата доза

Kudz 402013.jpg

Децата кои имаат примено три дози од вакцината ДиТеПер за голема кашлица можат да посетуваат градинка, но четвртата доза од вакцината ќе мора да ја примат најрано после шест месеци, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски. Првиот човек на Комисијата за заразни болести, Петличкоски не можеше да каже кога Министерството ќе достави известување до градинките, но најави дека може да се очекува тоа да биде сторено најдоцна во следните денови.   – Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза, рече д-р Петличковски.     Состојбата со голема кашлица во земјата не е добра и не е стабилна и во оваа состојба сме се довеле заради многу години наназад неодговорно однесување на многу граѓани. – Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен за државата и тука мора многу да работиме, вели д-р Петличковски, напоменувајќи дека само во Скопје има над 170 деца и возрасни заразени со голема кашлица и над 200 во државата. – Можно е во следниве недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки се зависи од развојот на ситуацијата, рече д-р Петличковски, според кого не постојат некакви потврди за привремена спреченост од вакцинација, по кои родителите често посегнуваат и ги бараат, за да ја избегнат вакцинизицијата на децата. – Постојат само потврди за трајна спреченост од вакцинација, тие се тие потврди кои се издаваат од тричлена комисија на Клиниката за детски болести, но вакви потврди за привремена спреченост не издаваат и не се валидни ниту од матичен лекар, ниту од Клиника, ниту од друга некаква комисија, појасни д-р Петличковски. Претседателката на Националниот комитет за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова рече дека уште во периодот на јануари, Комитетот до вакциналните тимови официјално веќе испратил препорака, секое дете кое доаѓа да ја прими според хронолошката возраст онаа ревакцината што е на 18 месеци, бидејќи МРП најрано се прима на 13 месеци, да се искористи ревакцинацијата на ДиТеПер и заедно се прими и МРП. – Официјален допис веќе има. Во ист ден можат да се примат двете вакцини и веќе имаме пракса во вакциналните тимови. Од јануари тоа го практикуваат во соработка со родителите да им се објасни дека не постои никаков проблем да се примат и двете вакцини во истиот ден, појасни д-р Грозданова. Според протоколот што го изработиле, како што додаде таа, редоследот на вакцината за ДиТеПер е два, четири и шест месеци, според редовниот календар. – Во состојби кога имате прогласено епидемија од здравствен аспект, епидемиолошки имате можност за тој размак од два месеци го намалите на еден месец помеѓу дозите, што значи ќе имате 0, еден и два. Тоа значи дека циклусот за комплетната вакцинација може да се заврши во два месеци. Тоа го дозволува и самата вакцина и ние го донесовме според Протоколот издаден од Комисијата за заразни болести како препорака со цел повторно да направиме позабрзан временски период за вакцинација на децата, вели д-р Грозданова. Д-р Петличковски, на прашање дали од утре ќе може да се враќаат децата кои немаат примено МРП прва доза, одговори негативно.

Можете да прочитате

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип

Почнува кампањата за бесплатен скрининг на црн дроб, Таравари ќе ја посети мобилната единица на плоштадот „Македонија“