Утрински Весник
Свет

Децата на Берлускони постигнале договор за наследството: поделен имотот на италијанскиот магнат и поранешен премиер

Италијански медиуми: Берлускони префрлен на интензивна нега, болен од леукемија

Петте деца на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони постигнаа договор за тестаментот на покојниот милијардер, а двете најстари деца формално ја презедоа контролата врз деловната империја на нивниот татко вредна седум милијарди евра.

dobivaj vesti na viber

Заедно, Марина и Пјеро Силвио Берлускони добиваат индиректна контрола над „Fininvest SpA“, со што јасно се обезбедува нејзината стабилност и континуитет на управување, се вели во соопштението на семејниот холдинг.

Како што пренесува „Кориере дела сера“, од смртта на Берлускони на 12 јуни, адвокатите и консултантите работат на разјаснување на многу аспекти и вредноста на имотот на финансискиот магнат.

Сите пет деца на поранешниот премиер го прифатија наследството на нивниот татко во согласност со неговите последни желби, се вели во соопштението.

„Марина, Пјер Силвио, Барбара, Елеонора и Луиџи Берлускони објавуваат дека го прифатиле наследството на нивниот татко, толкувајќи ги неговите последни желби во целосна хармонија, со цел да го оддадат споменот на нивниот татко со длабока благодарност, инспирирани од неговата огромна дарежливост“, се наведува во соопштението.

Берлускони ги изрази своите желби исклучително јасно, распределувајќи го целиот расположлив удел на Марина и Пјеро Силвио, децата на неговата прва сопруга, Карла Елвира Дал’Ољо.

Тоа значи дека 53 отсто од холдингот им припаѓа на Марина и Пјеро, а 47 отсто делат преостанатите три деца.

Остатокот од наследството, имено вили, чамци, уметнички дела, лични инвестиции, банкарски сметки, ќе бидат поделени во сооднос 60/40, односно 60 отсто на Марина и Пјеро и 40 отсто пропорционално на Барбара, Елеонора и Луиџи.

Во тестаментот Берлускони оставил и три аманети – првиот од 100 милиони е во корист на неговиот брат Паоло Берлускони.

Слична сума ќе добие и неговата партнерка Марта Фашина, а 30 милиони му остави на пријателот Марсело Дел’Утри.

Имотот на Берлускони е во вкупна вредност од четири милијарди евра, вклучувајќи компании котирани на берзата, големи инвестиции во недвижен имот, хартии од вредност и уметнички дела, а најголемиот дел е вредноста на „Фининвест“ од 2,8 милијарди евра.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж