Утрински Весник
Македонија

Дебата за утврдување интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на ГП и граничната линија

20230917084211 big 730x400 12.webp.webp

Во Министерството за внатрешни работи денеска ќе се одржи втората сесија на јавната дебата за „Утврдување на интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на ГП и граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција“.

Јавната дебата ја спроведува Националниот координативен центар за гранично управување на Владата.

Учесниците на втората сесија, како што е најавено, се претставници од невладиниот сектор, здруженија на автобуски и камионски превозници, стопански комори и полициски и царински синдикати.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница