Утрински Весник
Магазин

Де Ниро стана татко по седми пат

Де Ниро стана татко по седми пат

Се шпекулира дека Роберт де Ниро е во врска со Тифани Чен, а во вторникот (8 мај) холивудскиот ветеран откри дека тукушто го дочекал своето седмо дете.

dobivaj vesti na viber

79-годишниот актер веќе ги има посвоената ќерка Дрена (51), Рафаел (46) и 27-годишните близнаци Џулијан и Арон со поранешната сопруга Дијана Абот, како и Елиот (24) и 11-годишната Хелен Грејс со втората сопруга Грејс Хајтавер.

Во интервју за „Ентертејнмент Канада“, репортерката Бритни Блер рече: „Знам дека имате шест деца…“

Де Ниро одговори: „Седум, всушност. Само што добив бебе“.

Ѕвездата на „Кум“ не откри ништо друго во врска со детето и, останува нејасно која е мајката, но сепак призна дека неговото потомство не го смета за „кул-татко“.

Тој објасни дека често се расправа со 11-годишната Хелен додека таа се приближува кон адолесценцијата и често нема друг избор освен да остави впечаток на дисциплина со своите деца.

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес