Утрински Весник
Свет

Де Ниро го нарече Трамп чудовиште: Гласот за него е глас за кошмар

Ova 3.jpg

Актерот Роберт де Ниро изјави дека никогаш нема да го глуми поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи, како што рече, „не гледа ништо добро во него“.

– Суштината на следните избори е Бајден против Трамп. Дали сакаме да бидеме во свет во кој луѓето живеат и уживаат или во кошмар. Гласот за Трамп е глас за кошмар, гласот за Бајден е враќање во нормала – изјави Де Ниро, пренесе Гардијан.

Де Ниро рече дека не сака да се чувствува како што се чувствуваше по изборите во 2016 година, каде, како што рече актерот, „не можел да поверува што се случило“.

-Тој човек е тотално чудовиште. Никогаш не би го играл бидејќи не гледам ништо добро во него. Но, воопшто ништо – тврди Де Ниро.

Де Ниро често го критикуваше Трамп, па зборуваше против него и за време на доделувањето на наградите Готам во декември.

– Поранешниот претседател не лажеше повеќе од 30.000 пати додека беше претседател и со тоа темпо ќе продолжи во одмаздничката кампања – изјави тогаш Де Ниро.

Трамп му одговори на Де Ниро, нарекувајќи го „тотален губитник“ чиј актерски талент е „значително намален“.

Можете да прочитате

Тројца загинати и осуммина повредени во престрелка во ноќен клуб во Њујорк

„Ер Канада“ од вечерва започнува со постепено обновување на летовите по штрајкот на кабинскиот персонал

Виткоф: Путин за првпат се согласи на безбедносни гаранции за Украина