Утрински Весник
Спорт

Де Лаурентис одбил 2.5 милијарди евра за Наполи: Не ми требаат пари

Де Лаурентис одбил 2.5 милијарди евра за Наполи: Не ми требаат пари

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис открива дека лани одбил понуда да го продаде клубот за 2.5 милијарди евра бидејќи „не му требале пари“.

dobivaj vesti na viber

Во долго интервју, Де Лаурентис зборуваше за клубот, сопственоста на стадионите во Италија и разликата помеѓу петте топ европски лиги.

„Во Италија сме светлосни години зад Англија на пример, но и далеку за Шпанија и Германија. Ние сме најубавата земја на светот, но за жал и најнасилната поради мафијата, камора и ндрангета, и тоа не ни помага. Дали некој не заштитува? Дали ги имаме стадионите? Пред неколку години на ‘Сан Сиро’ фрлија мопед! Тоа мора да сопре. Општините не вложуваат во стадионите и во исто време не им ги даваат на клубовите што би гарантирало инвестиции“, вели Де Лаурентис.

Претсеателот потекнува од семејство кое направи богатство во филмската индустрија и вели дека фудбалот е страст, а не инвестиција.

„Кога ми понудија 2.5 милијарди евра за Наполи пред една година, се прашав: ‘Дали ми требаат?’. Јас имам наполитанско потекло, но со тие пари ќе купев клуб во Англија. Наполи е какоо играчка во нашето семејство, не гледам зошто би го предале додека се забавуваме. Пред пет години, пред да го купам, решив во спротивност на советите на семејството да влезам во оваа авантура“, додава Де Лаурентис.

Наполи оваа година се сензација во Италија, и имаат 16 поени предност пред Лацио, со речиси гарантирано трето скудето и прво од ерата на Диего Марадона. Покрај тоа, тие се и во четврт-финалето на Лигата на шампиони, каде што се судираат со Милан.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ спаси две сет топки, во два тај-брејка го победи Микелсон

ФИФА ќе побара да се вклучат футсалот и фудбалот на плажа во програмата на Олимписките игри

Бањаја победи на спринтот во Јапонија