По 13 евролигашки сезони во кариерата, легендарниот Џиџи Датоме објави крај на клупската кариера. Тој и официјално ќе се прости од италијанската репрезентација по Светското првенство летово.
35. годишниот Италијанец летово ја завршува трофејната кариера, а со Фенербахче во 2017 година стана европски клупски шампион.
Датоме се врати во својата Италија во 2020 година кога потпиша договор со Олимпија Милано.
Датоме три пати беше шампион на Италија, а еднаш најкорисен играч на домашното првенство.
Беше член на втората идеална петорка на Евролигата во 2016 година, двапати го освои Купот на Италија, а еднаш беше и најкорисен играч на тоа натпреварување.
Три пати го освојуваше турското првенство и еднаш беше МВП на финалето на турското првенство. Освои и два турски купа.
За италијанската репрезентација настапуваше на ЕП во 2007, 2011 и 2013 година, од ЕП во 2015 година мораше предвреме да се врати дома поради повреда.
Датоме почна да се занимава со кошарка во родната Сардинија, а играше за Монтепаски, Скафати, Виртус Рома, Детроит Пистонс, Бостон Селтикс, Фенербахче и Армани.