Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Даниел Душебаев херој на Шпанија за голема победа над Норвешка, Данците ја декласираа Унгарија

Даниел Душебаев херој на Шпанија за голема победа над Норвешка, Данците ја декласираа Унгарија
300x250 opst2

Шпанија ќе се соочи со Данска во првото полуфинале на Светското првенство во ракомет, откако „фуријата“ во еден невозможен меч, прво изборија продолженија во последната секунда преку Даниел Душебаев, за потоа истиот ракометар во продолженијата да го

dobivaj vesti na viber

Во апсолутно израмнет меч,  Норвешка имаше фуриозен старт за да поведе со четири гола разлика, но Шпанците потоа се вратија, по што во текот на целото второ полувреме, двете репрезентации немаа поголема разлика од два гола. Во самиот финиш, Норвежаните постигнаа гол и имаа предност, но на 10 секунди пред крајот наместо да тргнат на гол, беа пасивни, за Даниел Душебаев со брз гол да ирамни на 25:25.

И во продолженијата беше израмнето, за во финишот на мечот, помладиот Душебаев да постигне гол, а потоа Перез де Варгас со клучна одбрана да им донесе полуфинале на Шпанците.

Данска, против реално најслабиот противник во четврт-финалето, Унгарија, имаше само „полесен“ тренинг совладувајќи ги со огромни 17 гола разлика (40:23), откако веќе на полувремето имаа недостижни девет разлика.  Матијас Гидсел повторно беше фуриозен со девет гола, Питлик додаде седум, а Киркелоке имаше шест гола за Данска, додека за Унгарците Рихард Бодо имаше шест гола.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, СП 2023
Данска – Унгарија 40:23 (21:12)
Норвешка – Шпанија 34:35 (13:12, 25:25)
Франција – Германија 20.30 ч.
Шведска – Египет 20.30 ч.

ПОЛУФИНАЛЕ
Данска – Шпанија
Франција/Германија – Шведска/Египет

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!