Утрински Весник
Спорт

Дани Алвеш под истрага за сексуален напад во ноќен клуб

Дани Алвеш под истрага за сексуален напад во ноќен клуб

Најтрофејниот фудбалер во историјата, Дани Алвеш се наоѓа под истрага на полицијата за наводен сексуален напад. „АБЦ“, објави инцидентот се случил во раните утрински часови во петокот, на 30. декември, во ноќниот клуб „Сатон“ во Барселона.

dobivaj vesti na viber

Обезбедувањето на ноќниот клуб објавило дека ги предупредила девојка која била многу вознемирена.

Девојката во полициската изјава навела дека поранешниот фудбалер на Барселона ја ставил раката во нејзината долна облека, а таа се обидела да се одбрани од таквото допирање. По наведениот настан, одговорните за безбедноста на клубот го активирале Протоколот на градскиот совет против напад и сексуално вознемирување во приватни области од ноќниот живот.

Алвеш и неговите адвокату ги негираа овие обвинувања.

На изненадување на сите, Дани Алвеш беше член на селекцијата на Тите на Светското првенство во Катар.

За Барселона настапуваше до јули оваа година, а подоцна потпиша за мексикански Пумас каде ќе настапува во следните шест месеци.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност