Утрински Весник
Магазин

Дали спиете со вклучена клима?

Spienje I Klima 660x422 1.jpg
Dik 300x250 mk

На многумина им е тешко да спијат ноќе за време на оваа неподнослива жештина, па се обидуваат да се оладат така што ќе ја остават климата вклучена цела ноќ. Сепак, можеби тоа не е најдобрата идеја.

Експертите предупредуваат дека би можеле да се разбудите со вкочанети мускули ако спиете со вклучена клима бидејќи е многу важно да ја прилагодите температурата така што разликата помеѓу внатре и надвор да не надминува неколку степени, најмногу до осум.

Тие препорачуваат да ги разладите собите пред спиење. Користете клима уред во друга просторија или разладете ја спалната соба ако има клима, па исклучете ја пред спиење.

Доколку климата е во просторијата каде што спиете, исклучете ја преку ноќ, но ако е во друга просторија, оставете ја вратата од спалната соба отворена и ладниот воздух нека стигне до спалната соба.

Можете да прочитате

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка

Имате над 40 години и сакате да ослабите: само една навика ќе ви помогне

“Немав намера да ги повредам домаќините” – Прва изјава на Цеца откако го вееше бугарското знаме на концерт во Велес