Утрински Весник
Спорт

Дали некој ќе ги добие титулите на Сити ако му ги одземе Премиер лигата?

Дали некој ќе ги добие титулите на Сити ако му ги одземе Премиер лигата?

Премиер лигата четири години истражуваше и на крајот го обвини Манчестер Сити за повеќе од 100 случаи на прекршување на финансискиот фер-плеј. На Сити можат да му бидат одземени бодови, дури клубот може да биде исфрлен од Премиер лигата, а „Сан“ пишува дека би можел да остане без три освоени титули во сезоните кога ги прекршил правилата.

dobivaj vesti na viber

Сити е обвинет дека ги прекршил финансиските правила на Премиер лигата од 2009 до 2018 година. Во обвинението се опфатени дури 100 случаи на прекршување на финансиските правила.

„Обвинувањата упатени од Премиер лигата против клубот мора, доколку се докажат, да резултираат со исфрлање од лигата. Очекувам тешка казна“, изјави поранешниот член на правниот тим на Сити, Стефан Борнсон.

Во тој период Сити беше шампион во сезоните 2011/12, 2013/14 и 2017/18. Дури и да му ги одземат титулите, тогашните вицешампиони нема да бидат потоа прогласени за шампиони.

Јунајтед заврши на второто место во 2012 година, како и во 2018 година, а вицешампион во 2014 година беше Ливерпул. Сличен случај се случи и во Италија кога Јувентус беше казнет потоа, па немаше шампион во сезоната 2004/05.

Можете да прочитате

Ига Свјонтек првата полуфиналистка на турнирот во Рим

Тотенхем може да пресуди кој ќе биде поблиску до шампионската титула во Премиер лигата

Црна Гора бара „вајлд карта“ за настап на СП 2025