Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Дали и во Вевчани треба да дигнат трансформатори во воздух, коментира Мицкоски за блокадите во Слупчане

Освен што не направи ништо за Резолуцијата во Бундестагот, Мицкоски покажа големо незнаење, велат од СДСМ
300x250 opst2

Цела Влада е вклучена во преговори со едно село во североисточна Мкедонија да ги убеди граѓаните да плаќаат сметки за струја, нешто што по природа треба да го прават. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше блокадите на мештаните во Слупчане кои не им дозволуваа на екипите на ЕВН да влезат во селото откако уништија дел од инфраструктурата.

dobivaj vesti na viber

„Во Вевчани има 2500 жители, натплатата е повеќе од 90 отсто, зошто овие граѓани да бидат од втор ред, дали треба да ги дигнат во воздух трансформаторите за да привлечат внимание. Не смее да има привилегирани, не смее во Слупчане луѓето да се привилегирани“, рече Мицкоски.

При првите нереди предизвикани од жителите на Слупчане ова лето, од Електродистрибуција потенцираа дека кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти.

Од Слупчане неделава побараа сите новоизградени куќи да добијат бесплатен приклучок на мрежа, да се постави ограничена цена од 3.000 денари по семејство без разлика колку струја е потрошена и верските објекти да бидат ослободени од обврската за плаќање струја.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ