Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Далас победува и без Дончиќ, Јанис го влече Милвоки

Далас победува и без Дончиќ, Јанис го влече Милвоки
300x250 opst2

Кошаркарите на Далас го совладаа Сакраменто со 122:114, иако и на овој натпревар не можеа да сметаат на повредениот Лука Дончиќ кој се опоравува од повредата на петицата. Тоа не ги спречи да го остварат третиот триумф во низа, кој го постигнаа пред се благодарение на одличната прва четвртина, во која постигнаа 45 поени.

dobivaj vesti na viber

Сите преостанати четвртини ги добија „кралевите“, но едноставно не можеа да постигнат целосен пресврт.

Одличен беше Дирон Фокс со 33 поени, шест скока и пет асистенции, а го следеше Домантас Сабонис со 18 поени, 11 скока и седум асистенции, Киган Мареј додаде 16, а Кевин Вертер 15 поени.

Во отсуство на Дончиќ, Кајри Ирвинг го предводеше Далас со 25 поени, 10 асистенции и три скока, Џош Грин постигна 17 поени со седум асистенции, додека Тим Хардавеј запиша 15 поени, седум скока и пет асистенции.



Милвоки Бакс го совладаа Лос Анџелес Клиперс со 119:106. Стандардно ги предводеше Јанис Адетокумбо со 35 поени, осум скока и шест асистенции.

Брук Лопез беше одличен со 22 поени и 15 скока, додека Џру Холидеј запиша 19 поени, пет скока и шест асистенции.



Кај Клиперс се истакна Брендон Бостон со 20 поени, Пол Џорџ додаде 19, со 11 скока и шест асистенции, Норман Пауел постигна 16, а Маркус Морис постигна 15 поени.

НБА резултати: Детроит – Сан Антонио 138:131, Индијана – Феникс 104:117, Филаделфија – Њујорк 119:108, Бостон – Шарлот 127:116, Торонто – Јута 116:122, Мемфис – Минесота 128:107, Мајами – Хјустон 97:95, Њу Орлеанс – Кливленд 107:118, Портланд – Оклахома 129:138, Сакраменто – Далас 114:122, Лос Анџелес Клиперс – Милвоки 106:119.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица