Утрински Весник
Свет

Дачиќ: Повторно ја наградија Приштина иако не ги почитува договорите

Дачиќ: Повторно ја наградија Приштина иако не ги почитува договорите

Приштина постојано се наградува за својата неконструктивност и еднострани потези, а им се закануваaт на оние кои се коректни како Србија, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ од Полска.

dobivaj vesti na viber

„Прашањето за селективен однос се наметнува кога ќе се земе предвид дека Приштина постојано ќе биде наградувана за нејзината неконструктивност и едностраните потези – како што е одлуката за визна либерализација, или поднесувањето кандидатура за членство во ЕУ, а притоа ќе се заканува на оние кои се коректни како Србија“, рече тој.

Во Лоѓ, Полска, започнува Советот на министри на земјите членки на ОБСЕ. Повеќе од 50 министри за надворешни работи денеска и утре ќе разговараат за најважните политички прашања и предизвици.

Албин Курти во последната изјава вели дека дијалогот со Белград не му е приоритет, го негира постоењето на Бриселскиот договор и пред пратениците се колне дека никогаш нема да ја формира ЗСО и дека тоа не го интересира, пишуваат српските медиуми.

„Ова треба многу повеќе да ја загрижува меѓународната заедница отколку Белград, директно плука по интегритетот на ЕУ – Договорот од Брисел го потпишаа Кетрин Ештон и Хашим Тачи. Интересот на ЕУ е да го зачува својот авторитет“, изјави Ивица Дачиќ за РТС во Лоѓ.

„Ова се како некои показатели за да дознаеме кој е чиј фаворит. Овде јасно се гледа дека Приштина е нивно дете и без разлика колку некој ја сака вистината, правдата и принципите, тие секогаш го бараат тоа што е нивно дете. За нас тоа е многу лоша порака бидејќи покажува дека двојните стандарди се многу присутни“, изјави шефот на српската дипломатија.

Дачиќ потсетува дека ОБСЕ, која ја сочинуваат 57 земји-членки, е една од организациите основани од Југославија, а со која претседава Србија.

„Но, главната тема е територијалниот интегритет на Украина и подготвен сум да аплаудирам кога Украина ќе каже дека Крим и Донбас се Украина, а се надевам дека сите ќе аплаудираат кога ќе кажам дека Србија е Косово“, изјави Дачиќ.

„Не можеме да зборуваме за нови договори без да го фрлиме стариот во вода“, рече Дачиќ.

На прашањето како Србија може да ја спречи Приштина да аплицира за кандидатски статус во ЕУ, Дачиќ одговори „не можеме да спречиме нешто каде што не сме членки“.

„Ние не сме членки на ЕУ, за неа гласаат земјите-членки, а пет од нив не се признати од Косово и Унгарија, која го признава, но рече дека нема да гласа за прием на Косово“, посочи Дачиќ.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години