Утрински Весник
Балкан

Дачиќ: Од 14 загинати, се уште не е утврден идентитетот на едно лице

20241101200720 Big 730x400 92.webp.webp

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека се идентификувани 13 лица кои загинаа во вчерашната несреќа на железничката станица во Нови Сад и дека уште едно лице не е идентификувано, јави дописникот на МИА од Белград.

-Обвинителството и полицијата идентификуваа 13 лица. Загинаа се и две внуки, родени 2014 и 2018 година и дедо од Ковил… Имате фудбалски клуб кој денеска објави дека загинато е момче и девојка, фудбалер роден 2003 година и неговата девојка 2004 година, исто така дете родено во 2007 година и во 2008 година, изјави Дачиќ за ТВ Прва.

Тој додаде дека три лица се пренесени во Ургентниот центар во Нови Сад и дека едно лице е веднаш извлечено, додека за две лица имало тешка борба која траела со часови.

-Едната жена е родена во 2001 година, другата е родена во 2008 година, а на момчето, родено во 2006 година му е ампутирана ногата, додаде Дачиќ.

Прво, додава тој, во акцијата за спасување била прегледана снимката.

-Се проценуваше, рекоа дека 17 луѓе се под таа настрешница, според камерата што беше таму. Преживеаја три лица. Друга идентификација немаме. Почина и граѓанин на Северна Македонија, го известив мојот колега министер синоќа, кажа тој.

Според министерот, „прогнозите биле песимистички од самиот почеток, имајќи ја предвид тежината на изградбата и сериозноста на настанот“.

-Спасувачите можеа да констатираат само смрт, само три лица се повредени, сите други се мртви на самото место. На еден млад човек му беше ампутирана ногата, докторот ни кажа дека такви повреди не видел од војната, а проценки се дека тежината на тие бетонски блокови е околу сто тони. Повредите биле такви што смртта најчесто настапувала на самото место, кажа тој.

Дачиќ изјави дека веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, „почнувајќи од врвот“.

-Обвинителството го прави сето тоа, веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, почнувајќи од врвот, од ресорното министерство, јавното железничко претпријатие, документацијата која се однесува на самата зграда, ќе се земе документацијата за зградата, мислам за тоа кој ја носел одлуки, изјави Дачиќ.

Можете да прочитате

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер