Утрински Весник
Македонија

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, „Стави појас“… превентивни активности на МВР

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, „Стави појас“… превентивни активности на МВР
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола и Куманово беа реализирани низа активности посветени на безбедноста во сообраќајот и тоа од повеќе аспекти, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Така, на подрачјето на СВР Битола, во градовите Македонски Брод, Демир Хисар и Ресен полициските службеници ги посетија првачињата и второоделенците во тамошните основни училишта при што беа одржани едукативни часови околу основните сообраќајни правила важни за децата како пешаци, но и како корисници на тротинети и велосипеди. Во Прилеп пак, беше реализирана превентивна активност насочена кон возачите на моторни возила околу важноста за користење на заштитен појас при возење, додека пак во Крушево полициските службеници превентивните активности ги фокусираа на акцијата „Слави со срце, не со оружје“, соопшти МВР.

Како што информира Министерството, на подрачјето на СВР Куманово, поточно во градот Куманово, во централното градско подрачје беа спроведени исто така сообраќајни превентивни активности насочени кон важноста од правилно паркирање и околу неопходноста од носење заштитен шлем при управување на моторцикли.

Можете да прочитате

Набавка на 100 нови амбулантни возила и уредување на паркингот кај Клиничкиот центар

Хуманитарна акција ,,Од сестрите за сестрите”

ВМРО-ДПМНЕ: Андреј Жерновски не е и не може да биде нов лик на СДС