Утрински Весник
Македонија

Д-р Беќаровски за новиот опасен ТикТок предизвик: Контролирајте ги вашите деца пред да ни се случи нова трагедија!

Bekjarovski Glavna 1.jpg

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук профил предупредува за опасен Тик Ток предизвик, со земање на големи дози на парацетамол кај младите.

„Од почетокот на оваа година на платформата ТикТок кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, ВНЕСУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ДОЗИ ПАРАЦЕТАМОЛ !!!!!


Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување. Секоја година 30-50% од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради ТРУЕЊА СО ОВОЈ ЛЕК !!!! ЗАТОА КОНТРОЛИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА, ПРЕД ДА НИ СЕ СЛУЧИ НОВА ТРАГЕДИЈА !!!

Ако сепак се случи труење а не се поминати 2-4 часа веднаш дадете 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ (2 кесички) и веднаш побарајте лекарска помош. Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот.“, напиша тој на фејсбук.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР