
Имајќи го предвид најавеното зголемување на температурите, кои според УХМР ќе достигнат и над 40°C, ЦУК упатува апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и насоките дадени од надлежните институции за одговорно однесување на отворен простор.

Воедно, уште еднаш апелираат за исклучителна внимателност затоа што и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери, а доколку забележат сомнително однесување од одредени лица или видат чад или оган на отворено веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број во ЦУК – 112.
Според извештајот за состојбата со пожарите заклучно со 14:00 часот денеска евидентирани севкупно 9 пожари на отворен простор, од кои: 6 се активни, 2 се под контрола и еден е изгаснат.
Активни пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ, с. Смолани и с. Радобил, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Ресен – с. Волкодери кон место викано Сирхан (трски и сува трева)
6. Општина Желино – с. Церово (нискостеблеста деградирана шума)
Под контрола:
1. Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
2. Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Изгаснати:
1. Општина Желино – с. Групчин (мешана шума)