Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Седум пожари на отворено и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување

112.jpg

Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие. Два пожара биле во Скопје, а по еден во Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Старо Нагоричане и во Велес, соопшти ЦУК.

Локалните поројни дождови во последното деноноќие предизвикаа локални излевања на одредени реки и канали. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека водата од коритото што минува од село Вруток до село Бањица, Општина Гостивар, којашто поминува низ селото  Мердита била излеана и влезена во двор и на две куќи и истата претставувала опасност од можно поплавување на објектите што се наоѓаат во непосредна близина. Од РЦУК Тетово биле известени  надлежните во Општина Гостивар кои информирале дека ако има потреба ќе бидат ангажирани ЈП  „Комуналец Гостивар“ за санирање на штетите и спречување на водата од понатамошно поплавување.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор