Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Седум пожари на отворено, апел за одржување и чистење на каналите за одводнување

1708935880 112.jpg

Седум пожари на отворено биле пријавени изминатото деноноќие. Од РЦУК Скопје известиле за три пожари, од РЦУК Битола за три пожари и од РЦУК Велес за еден пожар на отворено, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Во последното деноноќие имало вкупно 2 162 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 37,51 отсто, а 62,49 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 63,20 отсто, кон итната медицинска помош 27,51 проценти, кон пожарникарите 4,09 отсто, а кон АМСМ  0,37 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”