Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Се извлекува заглавено постаро лице од снежни наноси во Кочанско

Planina Sneg.jpg

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е во тек координирано извлекување на заглавено постаро лице од снежни наноси, кое е во својот дом во кочанското село Полаки.

РЦУК Кочани известува дека постапиле по пријавата за помош на лице во село Полаки (планинско село од разбиен тип) во маало Бабиште при што контактирани се Општина Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани.


Командирот на ТППЕ Кочани стапил во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во село Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Лицето, како што се наведува, ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре.

– Истовремено има ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата кои се под асфалт, а не и споредните патишта кои се до маалата, а што не се асфалтирани) па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација. РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани, соопшти ЦУК.

Можете да прочитате

Филков: Разрешувањето на Коцевски е неопходен чекор за враќање на довербата во правосудството

Доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари – Не сме виновни за високите цени, велат производителите

Сообраќај по влажни коловози, намалена видливост поради магла