Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на планината Плачковица

112.jpg

Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно лице кое се изгубило на планината Плачковица.

Како што денеска соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), лицето е пронајдено околу еден часот по полноќ од страна на спасувачите од Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани откако во 18:08 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена информација за исчезнато лице.

– Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани.

Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство.

За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа.

Регионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше  дека изгубеното лице на Плачковица  е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани, информира ЦУК.

Поради подолгиот престој на студено време во планината, лицето било згрижено од страна на спасувачите, а потоа безбедно спуштено до селото Зрновци, каде што имало возила на полицијата и на Итната медицинска помош од Кочани.

Можете да прочитате

Мојсоска: Прв закон што ќе го поднесеме е Законот за една изборна единица

ВМРО-ДПМНЕ: Се уште нема конечен договор со ЗНАМ, разговорите се одвиваат во позитивен дух

МЕТЕО НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: И во следниот период многу нестабилно со чести врнежи и грмежи – Локално повторно ќе има појава на невреме