
За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна нива во близина на „Еко Флор Плус“ во село Боговиње.
Веднаш по примањето на пријавата, вработени од Полициската станица Камењане пристигнале на местото. Известени беа и ДЗС Тетово за случајот, а преку консултација со надлежните органи, беше утврдено дека за отстранување на рачните бомби ќе пристапат специјализирани лица од Куманово. Поради стемнувањето, акцијата е одложена за денеска, при што местото е привремено обезбедено од страна на ПС Камењане, додека не се отстранат рачните бомби, извести ЦУК.
РЦУК Битола, ја пренесува информацијата од пиротехничар од ДЗС дека вчера има подигнато авионска бомба со 154 калибар (од американско производство) од Првата светска војна. Бомбата е безбедно отстранета, подигната во 11.45 часот во село Армаруш во општина Новаци.